• петок, 22 ноември 2024

Тасевска: По растот на минималната плата следува и раст на пензиите

Тасевска: По растот на минималната плата следува и раст на пензиите
Скопје, 17 февруари 2022 Владата предводена од СДСМ за четири и пол години двојно ја зголеми минималната плата. Веќе од први април 80.000 работници ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари, односно 3.000 денари повеќе од она што како минимална плата го добиваа досега. Заштитата и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани останува врвен приоритет на СДСМ. Следува ново зголемување на пензиите откако со редовното законско усогласување минатиот месец истите се зголемија за 2.9 отсто. Новата методологија за повисоки пензии ќе се донесе низ дијалог со сите засегнати страни кој почнува уште утре. Важно е да се напомене дека покрај зголемувањето, се разговара и за воведување на дополнителен финансиски пакет за пензионерите со цел да и се помогне на оваа категорија граѓани во справувањето со последиците од енергетската и економската криза. Преку навремени и ефикасни мерки и политики го јакнеме економскиот стандард на околу 330.000 пензионери. Како партија која се води исклучиво од интересите на граѓаните продолжуваме со реализација на проекти кои значат помош за домаќинствата и повеќе пари во семејните буџети. Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан