• понеделник, 23 декември 2024

Тарантино: Има само седум „совршени“ филмови

Тарантино: Има само седум „совршени“ филмови

Лос Анџелес, 31 октомври 2022 (МИА) - Квентин Тарантино гостуваше во „Шоуто на Џими Кимел“ и, меѓу другото, откри дека, според него, досега во историјата имало само седум „совршени“ филмови. Ниту еден од неговите филмови не е на тој список, а оние што ги наброја се издадени 1970-тите и 80-тите.

- Тоа само покажува дека снимањето филмови е тешко!, истакна тој. Остварувањата се: „Тексашкиот масакр со моторна пила“ од 1974 година, „Ајкула“ на Стивен Спилберг, „Егзорцист“ (1973), комедијата „Ени Хол“, „Младиот Франкенштајн“ на Мел Брукс (1974), „Враќање во иднината“ (1985) и „Дивата орда“. https://youtu.be/RqJ1esMesHc Последниов, седми на листата, „сепак не е совршен, но несовршеностите го прават совршен“, вели Тарантино. Режисерот, исто така, ја искористи приликата да се осврне на неодамнешните коментари на Кање Вест кој тврдеше дека Тарантино „му ја украл идејата“ за филмот „Џанго Разузданиот“ (Django Unchained). - Не е така. Идејата јас ја имав уште пред да го запознаам Вест, рече тој.  си/

Остани поврзан