• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тројца пациенти се во критична состојба, 15 се интубирани

Тројца пациенти се во критична состојба, 15 се интубирани

Скопје, 4 април 2025 (МИА) – Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека има уште тројца пациенти во критична состојба кои се наоѓаат на лекување надвор од државата, а 15 пациенти се интубирани.

-  Александар, кој почина утрово, беше најтешкиот од четирите критични пациенти. Да се надеваме дека на останатите тројца ќе се подобри состојбата, иако може да има флуктуација на здравствената состојба и на потешки пациенти кои се надвор од државата. Меѓутоа, не се повеќе од 15 пациенти интубирани, другите се екстубирани и тоа е добра прогноза. Меѓутоа, да причекаме додека да се вратат сите во државата, рече Таравари.

Министерот соопшти дека денеска се очекува да се вратат во државата уште тројца пациенти кои се лекуваат надвор од државата. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан