• понеделник, 23 декември 2024

Таравари: Да се повлече указот за Фрчкоски за амбасадор во ОН

Таравари: Да се повлече указот за Фрчкоски за амбасадор во ОН
Гостивар, 3 март 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Аребен Таравари, денеска на прес- конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Северна Македонија во ОН во Њујорк и побара од претседателот државата Стево Педаровски да го повлече указот. - Овој указ низ мрак на претседателот Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски. Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено, оцени Таравари на прес конференцијата во седиштето на огранокот на АА. Според него, Фрчкоски е албанофоб и непожелен во САД. - Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници, рече Таравари. згм/цр

Остани поврзан