• сабота, 23 ноември 2024

Таравари: Алијанса за Албанците - Алтернатива ја извршуваат работата за која ја има добиено довербата од граѓаните

Таравари: Алијанса за Албанците - Алтернатива ја извршуваат работата за која ја има добиено довербата од граѓаните
Скопје, 24 март 2021 Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов побарал од пратениците да ги вратат платите бидејќи според него тие не си ја завршиле работата за која се плаќаат. Како прво, го потсетуваме пратеникот Костадинов дека Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива си ја извршува работата точно како што ја има добиено довербата од граѓаните. Еден од примарните и главни ангажмани на нашата Програма “Држава за сите” беше и промената на амандманот на законот за државјанство за овозможување признавање на правото на државјанство по автоматизам за граѓаните родени во Северна Македонија, граѓаните коишто живееле легално најмалку пет години во СМ, или пак што склучиле брак со граѓанин на оваа држава, според сите одредби на Европските права.  Вчера со одбивањето на било каков компромис, или хармонизирање  на двата нацрт закони во парламентарна процедура, СДСМ  всушност покажа дека тие се главните одговорни за блокирање на Собранието. Како второ, нам ни е драго дека пратеникот се загрижил за  даночните обврзници.  Ако тој е искрен со неговата загриженост, ние го повикуваме да наместо загриженоста за платите на пратениците да се заангажира за враќање во касата на државата на сите узурпирани и украдени милиони од страна на политичарите од неговиот политички субјект заедно со коалиционите партнери, обваќајки ги и милионите од аферата Маѓар Телеком, рекетираните милиони од бившите другари внатре и околу СЈО, милионите на М-НАВ за случајот Леонардо и многу други злоупотреби со народните пари во текот на  четиригодишното владеење на оваа коалиција којашто ги има срушено сите рекорди во светските ранг листи на корупција. На крај, го постетуваме пратеникот дека не е тој што ја проценува работата на неговите колеги , туку е народот којшто сега веќе без никакви разерви ја поддржува коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива, бидејќи нашата борба е праведна и универзална.  Го повикуваме пратеникот да си ги извршува неговите должности давајќи предлози за решение за деблокирање на Собранието, кое што нема да произлезе со усмерување на прстот кон опозицијата.  Во демократија товарот на пронаоѓање на решение во интерес на граѓаните пред се и припаѓа на владата.  Повелете, ги слушаме вашите предлози. Коалиција Алијанса за Албанците - Алтернатива ___________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан