• петок, 22 ноември 2024

Тампере меѓу четирите градови домаќини на ЕП во кошарка

Тампере меѓу четирите градови домаќини на ЕП во кошарка

Минхен, 7 март 2023 (МИА) – Фински Тампере ќе биде еден од четирите градови домаќини на групната фаза од Европското првенство 2025 година, кое заеднички ќе го организираат Финска, Летонија, Полска и Кипар, соопшти европскиот огранок на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

Натпреварите ќе се играат во „Тампере Дек арена“ со капацитет од 11.000 седишта, која беше отворена во 2021 година. Финска втор пат во историјата ќе биде кодомаќин на ЕП во кошарка, по завршниот турнир во 2017 година на кој една од групите се играше во Хелсинки.

„Турнирот во Хелсинки беше за паметење. Ќе ни претставува големо задоволство и чест истото да го повториме во Тампере. Овој град покажа дека е способен да организира високо квалитетни меѓународни настани‘, изјави директорот на локалниот Организациски одбор, Ари Тамивара.

Тампере им се приклучи на летонска Рига и кипарски Лимасол, во кои ќе се игра групната фаза, додека полскиот град домаќин ќе биде објавен на 17 овој месец. ег/сд/

Остани поврзан