• понеделник, 23 декември 2024

Таеквондистка од Чиле е првата спортистка суспендирана од Олимпијадата поради коронавирус

Таеквондистка од Чиле е првата спортистка суспендирана од Олимпијадата поради коронавирус
Токио, 21 јули 2021 (МИА) – Фернада Агире од Чиле е првата натпреварувачка која ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио поради коронавирус. Таеквондистката доби позитивен тест и е изолирана. Чилеанскиот олимписки комитет известува дека Агире добро се снаоѓа, но таа нема да може да се натпреварува во Токио бидејќи се соочува со десетдневен карантин. Олимписките игри во Токио почнуваат на 23 јули. Турнирот во таеквондо ќе започне на 24 јули. зс/

Остани поврзан