• петок, 05 декември 2025

Сѐ уште активни пожарите кај селата Никуштак, Лабуништа, Татеш и Грешница, пожарите кај селото Русиново и Вардариште ставени под контрола

Сѐ уште активни пожарите кај селата Никуштак, Лабуништа, Татеш и Грешница, пожарите кај селото Русиново и Вардариште ставени под контрола

Скопје, 9 септември 2025 (МИА) –  Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два под контрола и четири се изгаснати.

Како што стои во соопштението на ЦУК, активни се пожарите во општина Липково кај селото Никуштак каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, во општина Струга кај селата Лабуништа и Татеш каде што гори ниска вегетација и во општина Кичево кај селото Грешница каде што, исто така, гори ниска вегетација.

Под контрола, додаваат, се пожарите во општина Берово кај селото Русиново каде што гори дабова и букова шума и папрат и во општина Гази Баба кај Вардариште каде што гори ѓубриште.

– На ден 09.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари, под контрола се два, а изгаснати се четири пожари. Активни се: Општина Липково с. Никуштак (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума);
Општина Струга с. Лабуништа (ниска вегетација);
Општина Струга с. Татеш (ниска вегетација);
Општина Кичево с. Грешница (ниска вегетација).
Под контрола: Општина Берово Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова и букова шума и папрат);
Општина Гази Баба Вардариште (ѓубриште).
Изгаснати: Општина Шуто Оризари ул. Брсјачка Буна (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Сарај с. Крушопек (ниска вегетација);
Општина Студеничани с. Варвара и с. Драчевица (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Делчево Делчево (депонија), стои во соопштението на ЦУК. ра/са/

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан