Сценаристката Џес Вотерс почина на 39 години
- Последната љубовно-хумористична серија, на која таа работеше е „This Is Us“ (Ова сме ние). Други попознати проекти во кои учествувала, се: „Kidding“ (Шеги), „Hood Adjacent With James Davis”,
Лос Анџелес, 11 јуни 2020 (МИА) - Познатата американска сценаристка и поранешна новинарка, Џес Вотерс почина на 39-годишна возраст. Причината за смртта засега не е соопштена.
Последната љубовно-хумористична серија, на која таа работеше е „This Is Us“ (Ова сме ние). Други попознати проекти во кои учествувала, се: „Kidding“ (Шеги), „Hood Adjacent With James Davis”, „The Breaks” и „What Men Want“ (Што сакаат мажите).
Нејзините колеги во неверување и тага се простуваат на друштвените мрежи од прерано починатата писателка. си/