• петок, 22 ноември 2024

Схинас: Вакцината против Ковид-19 божиќен подарок за Европејците

Схинас: Вакцината против Ковид-19 божиќен подарок за Европејците
Брисел, 16 декември 2020 (МИА) – Вакцината против Ковид-19 ќе биде „божиќен подарок“ за сите Европејци, изјави потпретседателот на Европска комисија, Маргаритис Схинас. Неговата изјава усели само еден ден откако Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината на Фајзер и Бионтек ќе ја одобри на 21 декември. - Вакцината е божиќен подарок за сите граѓани на нашиот континентм посочи Схинас во интервју за Република. Тој истакна дека ЕК вакцината ќе ја одобри со голема брзина. - Во два дена ќе сработиме работа што обично трае два месеца, наведе Схинас, додавајќи оти вакцинацијата во сите земји-членки на ЕУ ќе почне околу 26 декември. Италија, Германија, Франција, Шпанија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија вчера објавија дека ќе го координираат почетокот на вакцинација. ми/

Остани поврзан