• сабота, 09 ноември 2024

Сушата во Кина „откри“ три будистички статуи, стари околу 600 години

Сушата во Кина „откри“ три будистички статуи, стари околу 600 години
Пекинг, 20 август 2022 (МИА) - Нискиот водостој на реката Јангце откри потонат остров во југозападниот дел на Чонгкинг и три будистички статуи за кои се верува дека се стари 600 години. Три кипа пронајдени се на највисокиот дел на островот. Се претпоставува дека биле изградени за време на династиите Минг и Кинг. На една од статуите се гледа како монах седи на тронот во облик на лотос. Водостојот на реката Јангце е многу намален поради сушата и топлотниот бран што го погоди југозападниот дел на Кина. Пресушени се 66 реки во 34 области околу Чонгкинг. ми/

Остани поврзан