• сабота, 21 декември 2024

Суфицит од околу 226 милијарди евра во еврозоната од стокавата размена со светот

Суфицит од околу 226 милијарди евра во еврозоната од стокавата размена со светот
Луксембург, 14 февруари 2020 (МИА) - Еврозоната оствари суфицит од 225,7 милијарди евра во стоковата размена со светот во 2019 година, се наведува во прелиминарните податоци на Евростат. Стоковниот извоз на еврозоната во трети земји во периодот јануари – декември 2019 година забележа раст од 2,7 отсто во однос на претходната година и изнесуваше 2.345,4 милијарди евра, а увозот е зголемен за 1,5 проценти на 2,119,7 милијарди евра. Евростат наведува и дека од април минатата година статистичките податоци од 27 земји-членки на Европска Унија, без Велика Британија, покажуваат дека извозот на стоки на пазарите надвор од ЕУ се зголемил за 3,5 отсто во однос на 2018 година на 2.132,3 милијарди евра, додека увозот бележи раст од 1,3 проценти на 1.932 милијарди евра. Како резултат на тоа ЕУ забележа суфицит во износ од 200,3 милијарди евра, додека во 2028 година вишокот изнесуваше 151,8 милијарди ерва. ми/

Остани поврзан