СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација - Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените
- Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија.
28 септември 2022
По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација - Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.
Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство.
Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија.
Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.
Синдикат на работници од угостителство, туризмот, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.