• петок, 22 ноември 2024

Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром

Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром

 

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) – Суспензии и парични казни на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром им изрече денеска македонската кошаркарска Федерација (КФСМ) инцидентот што се случи за време на саботното градско прволигашко дерби во СРЦ „Кале“.

Поради слаба организација, прекин на натпреварот и влез на навивачи со пиротехнички средства и нивно користење за време на натпреварот, Работнички е казнет со вкупна глоба од 68.000 денари.

Дополнително, Работнички е суспендиран два натпревари без публика на домашен терен.

На актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 64.000 денари поради фрлање предмети на теренот, користење пиротехнички средства и прекин а натпреварот.

Суспендиран е и теренот на МЗТ Скопје Аеродром со еден натпревар без публика на трибините. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан