• четврток, 12 декември 2024

Суспендиран тениски судија од БиХ поради обложување

Суспендиран тениски судија од БиХ поради обложување


Мостар, 6 декември 2024 (МИА) – Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) денеска ја потврди четиригодишната суспензија на Дамјан Дејановиќ, тениски судија од Босна и Херцеговина, поради шест прекршувања на Тениската антикорупциска програма (ТАЦП).
Дејановиќ призна дека се обложувал на професионални тениски натпревари, но ги отфрли обвиненијата за манипулација со податоци за резултатите и заговор за извршување корупциски прекршоци во врска со два меча што ги судел, објави ИТИА.
Рочиштето за овој случај беше одржано преку видеоконференција на почетокот на октомври, а Дејановиќ е прогласен за виновен за сите шест прекршоци, кои се случиле помеѓу 2022 и 2023 година.
На Дејановиќ му е изречена и парична казна од 5.000 евра. ег
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан