• сабота, 05 октомври 2024

Суровата нафта со цени во минус, продавачите плаќаат за да се ослободат од неа

Суровата нафта со цени во минус, продавачите плаќаат за да се ослободат од неа
Вашингтон, 20 април 2020 (МИА) За првпат во историјата цената на суровата нафта достигна остигна еден цент за барел и отиде во минус. Цената на суровата нафтата за испораки во мај денеска на берзата во Лондон падна пониско од еден долар, достигна еден цент и отидe во минус, откако снабдувачите започнаа да плаќат за испораки во мај, за да можат да ги ослободат терминалите. Рокот на испораките за мај истекува утре, и според познавачите обесценувањето на мајските испораки е поради тоа што нема купувачи кои се подготвени да ги примат испораките кои започнуваат од 21 април. Сепак, испораките за јуни не поефтинија толку ниско. Западно-тексашката лесна нафта за јуни се продава за 22.67 долари за барел, додека „Брент“ чини 26.60 долари за барел. Падот на цените на суровата нафта е поради растежот на количините на складирана суровина – капацитетот на терминалите е искористен максимално затоа што нема купувачи. Земјите од ОПЕК+ на 12 април договорија намалување на вадење на нафтата за 9.7 милиони барели дневно во мај и јуни. Договорените страни очекуваат намалувањето да се зголеми до 19 милиони барели дневно откако од 1 мај ќе се приклучат и САД, Канада и Норвешка. кб/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан