• понеделник, 23 декември 2024

Суниог го повика Косово да се врати на преговорите со Србија

Суниог го повика Косово да се врати на преговорите со Србија

Приштина, 8 јуни 2023 (МИА) – Амбасадорот на Европската унија во Косово, Томаш Суниог го повтори денеска повикот за намалување на тензиите во северно Косово и побара од Приштина и Белград да се вратат на преговарачката маса, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговиот Твитер, Суниог информира дека за евроинтеграциските процеси и за потребните реформи во тој правец разговарал со Комисијата за европски интеграции и со косовскиот законодавен дом.

„Разговарав со Комисијата на Косово за европски интеграции за прогресот во правец на ЕУ и го повикав Собранието да им даде приоритет на реформите поврзани со ЕУ. Разговаравме и за ситуацијата на северот од земјата и ги повторив барањата за враќање на дијалогот“, напиша Суниог.

На косовскиот север, населен со мнозинско етничко српско население, веќе 15 дена се одржуваат протести против градоначалниците Албанци во тамошните четири општини, кои во април годинава беа избрани на вонредните локални избори, кои Србите ги бојкотираа. иа/сд/

Остани поврзан