• сабота, 21 декември 2024

Сунак: Велика Британија ќе ја доведе својата одбранбена индустрија на воена основа

Сунак: Велика Британија ќе ја доведе својата одбранбена индустрија на воена основа

Варшава, 23 април 2024 (МИА) - Британскиот премиер Риши Сунак денеска за време на посетата на полскиот главен град Варшава рече дека ќе ја доведе одбранбената индустрија на земјата на воена основа, најавувајќи ново долгорочно финансирање од десет милијарди британски фунти (12,43 милијарди долари) за производство на муниција во контекст на руската инвазија на Украина.

„Ќе ја доведеме британската одбранбена индустрија на воена основа. Една од главните лекции од конфликтот во Украина е дека ни требаат потрајни резерви на муниција и дека индустријата треба да може брзо да ги обнови“, рече Сунак на заедничката прес-конференција во Варшава со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој предупреди и на зголемување на заканата за меѓународната безбедност, истакнувајќи истовремено дека „не треба да се преувеличува опасноста“. „Не сме на работ на војна и не ја бараме“, изјави британскиот премиер.

Сунак најави зголемување на трошоците за одбрана на Британија на 2,5 отсто од бруто домашниот производ на земјата, достигнувајќи 87 милијарди фунти (108 милијарди долари) годишно до 2030 година. паг/

 

Остани поврзан