• понеделник, 18 ноември 2024

Суд во Москва го казни Гугл со 32.330 долари затоа што не отстранил „лажни информации“ за војната во Украина

Суд во Москва го казни Гугл со 32.330 долари затоа што не отстранил „лажни информации“ за војната во Украина

Москва, 17 август 2023 (МИА) - Суд во Москва денеска го казни Гугл со три милиони руски рубљи (32.330 долари) затоа што не отстранил „лажни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина, јави државната новинска агенција ТАСС.

Судија на Московскиот прекршочен суд рече дека судот го прогласил американскиот технолошки гигант за виновен за „извршување административен прекршок според алинеа 2 од член 13.41 од Кодексот за административни прекршоци на Руската Федерација“.

На Гугл му е испратено известување за потребата да се отстранат видеата на Јутјуб кои, меѓу другото, содржеле „лажни информации“ за војната што започна во февруари минатата година.

Гугл престана да продава онлајн рекламирање во Русија во март 2022 година по почетокот на војната, но задржа некои бесплатни услуги.

Во јуни, рускиот суд го казни Гугл со четири милијарди рубљи (43 милиони долари) затоа што не платил претходна казна за наводна злоупотреба на неговата доминантна позиција на пазарот на видео хостинг. ссм/

Остани поврзан