• петок, 22 ноември 2024

Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари

Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари

Москва, 18 декември 2023 (МИА) - Двете судски рочишта во судскиот процес против притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, закажани за денеска, се одложени за јануари, објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на судски документи.

Рочиштата се одложени за 11 и 16 јануари.

Соработниците на Навални, кои се подготвуваа за неговиот очекуван трансфер во колонијата на „специјалниот режим“, односно најстрогата во рускиот затворски систем, тврдат дека неговите адвокати не го виделе од 6 декември и наводно воопшто не знаат каде се наоѓа. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан