• петок, 22 ноември 2024

Судскиот совет ја избра Анита Данилова за в.д. претседател на Виш управен суд

Судскиот совет ја избра Анита Данилова за в.д. претседател на Виш управен суд

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ја одржа 463. Седница на која беа разгледани повеќе точки.

За в.д. претседател на Виш Управен суд, со 12 гласа „за“ беше избрана судијката Анита Данилова.

Советот, исто така, донесе одлука за утврдување на престанок на судиска функција на судиите Тони Јовановски и Марјан Грубиша од основни кривични судови поради исполнување на услови за старосна пензија.

На денешната седница беше донесена и одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кавадарци и Основен суд Струга, со надополнување и за објавување на оглас за основен суд Крушево, Берово и Делчево.

Од страна на членовите на судскиот совет беа разгледани одлуки на Управен суд, како и одлуки за времено упатување на судии за вршење на судиска функција во друг суд.

Советот расправаше и по бројни претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет.

На почетокот на седницата Советот избра нови претседатели во пет основни судови.

Судијата Бесник Авдија беше избран за претседател на Основен граѓански суд Скопје, кој бил единствен пријавен кандидат на огласот. За претседател на Основен суд Неготино беше избрана судијката Билјана Толова, исто така единствен кандидат. За претседател на Основен суд Кичево Советот го определи судијата Футурије Дервиши, еден од тројцата кандидати пријавени на огласот заедно со Амдије Зенгул и Билјана Кижевска. Во Основен суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат и со 12 гласа „за“ во Основиниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев. свс/аа/

Фото: МИА/принтскрин

Остани поврзан