• недела, 22 декември 2024

Судскиот совет закажа итна седница во 14 часот по оставката на претседателката Весна Дамева

Судскиот совет закажа итна седница во 14 часот по оставката на претседателката Весна Дамева

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Судскиот совет за денеска во 14 часот свика итна седница на која, според дневниот ред, треба да биде констатирана оставката на досегашната претседателка Весна Дамева која денеска на прес-конференција објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. 

На седницата, како што е најавено, ќе треба да биде избран и нов претседател на Судскиот совет. 

Во своето обраќање до јавноста, Дамева рече дека оставката е неотповиклива и оти одлуката ја донела како последица на обидите да се наруши нејзиниот интегритет од неколку политичари од власта. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан