• недела, 07 јули 2024

Судот во Џорџија ја одби жалбата на Трамп

Судот во Џорџија ја одби жалбата на Трамп
Вашингтон, 5 ноември 2020 (МИА) - По судот во Мичеген и државниот суд на Џорџија денеска ја отфрли жалбата на изборниот штаб на Доналд Трамп, кој тврди дека се измешани гласачките ливчиња на гласачите кои навреме се изјасниле преку пошта и на оние со задоцнување, објави телевизиската станица Фокс њуз. Жалбата се засноваше на тврдење на набљудувач дека дошло до мешање на гласачките ливчиња. Државен судија во Џорџија рече дека нема докази дека тоа се случило. „Нема докази дека гласовите биле измешани во областа Чатам, односно дека изборната комисија го прекршила законот“, рече судијата, а пренесе „Фокс њуз“. паг/  

Остани поврзан