• вторник, 26 ноември 2024

Судот во Кавадарци ги отвори вратите за гимназијалците

Судот во Кавадарци ги отвори вратите за гимназијалците
Кавадарци, 25 октомври 2021 (МИА) - Основниот суд во Кавадарци денеска ги отвори вратите за средношколците од кавадаречката гимназија. - Со заедничка одлука од 5 јуни 2003 година на Совет на Европа и Европската Комисија, денешниот ден е прогласен за европски Ден на правдата. Во чест на овој ден, Основниот суд Кавадарци ги отвори своите врати за учениците од средното општинско училиште „Добри Даскалов“. Имавме заедничка комуникација. Учениците ги презентираа своите познавања во врска со поимот правда и правичност, информираа од Судот. Претседателот на судот, проф. д-р Лазар Нанев ги запознал учениците со функционирањето на судот. - Се обидовме да ја доближиме правдата до граѓаните, преку едукација на младите, на оние кои се стремат да бидат дел од ова општество и негови активни чинители, нагласија од судот. свд/мс/

Остани поврзан