• понеделник, 23 декември 2024

Судот во Барселона одлучува дали Алвеш ќе биде пуштен од затвор

Судот во Барселона одлучува дали Алвеш ќе биде пуштен од затвор

Барселона, 16 март 2024 (МИА) - Поранешното десно крило на Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Пумас, Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години затвор за силување. Алвеш е затворен по процесот во кој беше одлучено дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона.

Тој е во притвор од 20 јануари минатата година, а судската постапка траеше до 7 февруари годинава. Петнаесет дена подоцна ја дознал пресудата. Алвеш до неодамна со 43 трофеи беше најодликуваниот играч во историјата на спортот, но беше престигнат од поранешниот соиграч Лео Меси.

Шпанска „Марка“ пишува дека бидејќи се работи за неправосилна пресуда, Алвеш би можел да биде ослободен за неколку дена. На 19 март судот во Барселона ќе одлучи дали поранешниот светски фудбалер ќе биде ослободен или ќе остане во затвор. Неговата одбрана побара ослободување, бидејќи нема правосилна пресуда. 
Меѓутоа, бидејќи Бразил не ги екстрадира своите државјани, има мали шанси судот да го ослободи, бидејќи Алвеш би можел едноставно да отпатува дома и да ја избегне можноста да биде казнет.дс

Фото: Архива

Остани поврзан