• понеделник, 23 декември 2024

Судењето против Жан Митрев започна од почеток, поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште 

Судењето против Жан Митрев започна од почеток, поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште 

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште судењето против Жан Митрев денеска започна одново.

По формалното отпочнување и воведните зборови Судот донесе решение процесот да продолжи на 15 ноември со испитување на сведоци на предлог на обвинителството.

Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Како што информираа од ОЈО - Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. ар/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан