• понеделник, 23 декември 2024

Судењата за Ласкарци и Тортура се одлагаат, информираат од Кривичен суд

Судењата за Ласкарци и Тортура се одлагаат, информираат од Кривичен суд
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Основниот кривичен суд Скопје, ги известува медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи за предметите со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај села Ласкарци и предметот со К.бр 1959/17 во јавноста познат како „Тортура“, дека расправите насрочени за 30.03.2021 год. ( с.Ласкарци) и 02.04.2021 год. ( „Тортуа“) се одлагаат. - Предметот К.бр. 1407/17 се одлага заради изолација и позитивен Ковид – тест на член на судечкиот совет и еден од бранителите, а следната расправа е насрочена за 20.04.2021 год. додека предметот К.бр. 1959/17 се одлага со оглед дека е доставено известување од еден од обвинетите дека е позитивен на Ковид – тест и се наоѓа во изолација. Следната расправа за овој предмет е насрочена за 15.04.2021 годинаа, а за евентуални промени во термините, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје. аа/дма/

Остани поврзан