Судар на три возила на стариот пат од Демир Капија кон Неготино
- Три возила се судриле на стариот пат од Демир Капија кон Неготино, потврди за МИА, Лиза Бендевска, главен советник во Сектор за односи со јавност при МВР.
![Судар на три возила на стариот пат од Демир Капија кон Неготино](https://new.mia.mk/images/20230226144517_big_730x400_4.webp )
Неготино, 26 февруари 2023 (МИА) - Три возила се судриле на стариот пат од Демир Капија кон Неготино, потврди за МИА, Лиза Бендевска, главен советник во Сектор за односи со јавност при МВР.
- Станува збор за „тојота“ со неготинска регистрација, „лада“ со велешки регистарски ознаки и „опел“. Полициски екипи се упатени кон местото на сообраќајната несреќа, рече Бендевска.
Таа нагласи дека ова се првични информации и засега нема повеќе детали околу сообраќајката. свд/аа/
Фото: МИА