• понеделник, 23 декември 2024

Суданските паравоени сили повторно се согласија на 24-часовен прекин на огнот

Суданските паравоени сили повторно се согласија на 24-часовен прекин на огнот

Картум, 19 април 2023 (МИА) - Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) повторно се согласија на 24-часовен прекин на огнот, што стапи на сила денеска во 18 часот по локално време (16 часот по Гринич), откако од саботата во земјата има неколкудневни крвави борби со армијата, јавија британските медиуми.

„Ја потврдуваме нашата заложба за целосен прекин на огнот и се надеваме дека другата страна ќе почне да го почитува примирјето од посоченото време“, додаваат од РСФ.

Засега останува нејасно дали и суданската армија ќе се согласи да го почитува примирјето, бидејќи вчера и двете завојувани страни соопштија дека договориле 24-часовен прекин на огнот, но според британските медиуми, и натаму имаше жестоки борби по почетокот на примирјето. сд/

Остани поврзан