• недела, 22 декември 2024

Суданските власти наредија сите странци да го напуштат главниот град Картум поради безбедносни причини

Суданските власти наредија сите странци да го напуштат главниот град Картум поради безбедносни причини

Картум, 12 јули 2024 (МИА) - Суданските власти им наредија на сите странци да го напуштат главниот град Картум и неговиот регион во рок од две недели поради безбедносни причини, јави ДПА, повикувајќи се на полицискиот оддел одговорен за странски државјани во земјата.

Странците мора да заминат заради сопствената безбедност поради тековните борби меѓу регуларната армија на Судан и паравоените сили за брза поддршка, соопшти полицијата.

Според извештаите на локалните медиуми, непријателството кон странците, особено кон оние од другите африкански земји, се засилило по извештаите за странски платеници во редовите на силите за брза поддршка.

Пред само неколку дена беа приведени над 150 странци кои немаа валидни документи за престој.

Повеќе од една година, во Судан се води крвава борба за власт меѓу де факто владетелот на Судан и врховен командант на редовната армија, генерал Абдел Фатах ал Бурхан и неговиот поранешен сојузник и сегашен командант на паравоените сили за брза поддршка, генерал Мохамед Хамдан Дагало, забележува ДПА. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан