• понеделник, 23 декември 2024

Суарез ја завршува кариерата во репрезентацијата

Суарез ја завршува кариерата во репрезентацијата

Монтевидео, 3 септември 2024 (МИА) - Напаѓачот Луис Суарез, кој е легенда на уругвајскиот фудбал, на прес-конференција соопшти дека во петок против Парагвај во Монтевидео ќе го одигра последниот натпревар за репрезентацијата.

-Петок ќе биде мојот последен натпревар со селекцијата на мојата земја, изјави 37-годишниот играч кој важи за еден од најдобрите центарфори во 21 век.

Популарниот „пистолеро“ неколку пати се расплака кога ја објави својата одлука повеќе да не игра за Уругвај. Сепак, напаѓачот е убеден дека сега е вистинското време да се повлече.

Заминува како најдобар стрелец во историјата на „селеста“ со 69 гола на 142 натпревари, а тоа достигнување може да го подобри во петок на Естадио Сентенарио.

-Тоа не беше лесна одлука, но ја донесов потполно смирено, рече Суарез, кој вети дека ќе го одигра својот последен меч со „ист ентузијазам“ што го покажа како кога дебитираше за Уругвај пред 17 години.

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Барселона и Ливерпул ги прави своите први чекори за националниот тим под водство на Оскар Вашингтон Табарез, играјќи покрај големи напаѓачи како Диего Форлан и Единсон Кавани.

Пред скандалот „Киелини“, поради кој беше суспендиран неколку месеци, Суарез веќе гризна двајца противници - Омар Бакал во 2010 година во холандскиот шампионат, кога настапуваше за Ајакс, како и Бранислав Ивановиќ во 2013 година, кога беше во Премиер лигата на Англија.

Ќе биде запаметен и по анти-спорткиот потег во четвртфиналето на Светското првенство 2010 година против Гана, кога ја запре топката да влезе во голот со рака, но тоа беше оправдано бидејќи противникот промаши пенал, а потоа беше елиминирана од Уругвај по изведувањето удари од белата точка.

Луис Суарез веќе објави дека Интер Мајами ќе биде неговиот последен клуб во кариерата по преселбата во американскиот тим, во кој настапуваат поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан