• понеделник, 23 декември 2024

Суарез се враќа во Национал

Суарез се враќа во Национал
Монтевидео, 27 јули 2022 (МИА) - Луис Суарез ќе игра за неговиот поранешен тим, Национал Монтевидео, објави фудбалерот на социјалните мрежи. Суарез го напушти Атлетико Мадрид при слободен трансфер и ги одби понудите од Ривер Плата и Борусија Дортмунд, за да се врати во Уругвај. - Ви благодарам за поддршката која јас и моето семејство ја добивме изминативе денови. Таа ни ги стопли срцата во време кога моравме да направиме важни одлуки. Беше невозможно да се одбие понудата на Национал и јас веќе имам преддоговор со нив, напиша тој, дополнувајќи дека во следните неколку денови ќе дискутираат за деталите. Суарез е член на академијата на Национал и ја започна професионалната кариера во клубот во 2005 година. ар/сп/

Остани поврзан