• недела, 22 декември 2024

Студија: Една доза од вакцината на Фајзер обезбедува голема заштита

Студија: Една доза од вакцината на Фајзер обезбедува голема заштита
Вашингтон, 9 март 2021 (МИА) - Со една доза од вакцината Фајзер се постигнува речиси целосна ефикасност околу 11 дена по инјектирањето, па може да се покаже дека втората доза не е потребна, покажа студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн. - Ова е вест што може да донесе оптимизам. Ефикасноста на мРНА вакцините против Ковид започнува на 11-тиот ден од примањето. Ова отвора можност за добивање заштита во краток временски рок, пренесува порталот Медриксив, страница во сопственост на непрофитната организација Колд Спринг Харбор лаборатории. Во текстот се вели дека нема забележителен напредок во давањето на втората доза по три или четири недели, што само укажува на јачината на првата доза (барем во краткорочни услови кога се ограничени залихите) и им овозможува на здравствените служби поголема флексибилност кога станува збор за втората доза, доколку се утврди дека е неопходна. Угледниот Форбс го цитира списанието Њу Ингланд медисин Џурнал, во кој се наведува студија дека луѓето кои ја примиле втората доза покажале силен имунолошки одговор на новите варијанти на коронавирус, а одговорот  бил помал единствено во однос на јужноафриканската мутација. ссм/  

Остани поврзан