• вторник, 07 април 2026

Студентски протест во Скопје за Законот за употреба на јазиците

Студентски протест во Скопје за Законот за употреба на јазиците

Скопје, 6 април (МИА) - Во Скопје денеска се одржа студентски протестен марш на кој албанските студенти протестираа поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит.  

Маршот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи преку Камениот мост и заврши пред Министерството за правда.  

Студентите побараа оставка од министерот за правда, Игор Филков, инсистирајќи на почитување на законските одредби и обезбедување рамноправност. 

-Нема држава без млади луѓе - порачаа демонстрантите, нагласувајќи дека нивната борба е за правда и еднакви права. ар/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан