• вторник, 13 јануари 2026

Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара

Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара
Кавадарци, 19 јануари 2022 (МИА) - Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара на денешниот верски празник Богојавление-Водици. Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал. - На сите верници им посакувам здравје и среќа. Благослов, бериќет и се најдобро. За многу години, Бог се јави, рече тој. Отец Мартин Деневски се заблагодари што се повеќе и повеќе се полнат храмовите и изрази надеж дека пандемијата од коронавирус ќе ја снема за брзо време. Стојков  доби пригодни подароци. свд/цр  

Остани поврзан