• петок, 05 декември 2025

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

Скопје, 22 ноември 2025 (МИА) - Во Галеријата на Академијата за ликовни уметности во Сараево, вечер во 19 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“. На изложбата ќе бидат изложени осумдесетина дела на хартија (графики, цртежи, колажи и плакати), а со свои дела учествуваат и дваестина студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при УКИМ во Скопје.

Проектот е континуирана меѓународна соработка која во 2024 година беше претставена во Едрене, Турција (на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тракија) и во Ниш (на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш). Секоја година се прави нова, збогатена селекција на дела во согласност со локацијата и концептот на изложбата. Во 2026 година, овој проект ќе биде претставен и во Галеријата на ФЛУ во Скопје.

Учество на студентите на меѓународната изложба во АЛУ Сараево, како и присуството на делегација од четири члена од ФЛУ при УКИМ, е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

ФЛУ Скопје соопшти дека покрај изложбата, посетата ќе биде искористена и за унапредување на интеринституционалната соработка, вклучувајќи потпишување договори за академска и уметничка размена, што ќе овозможи нови можности за споделување знаења, искуства и студентско вмрежување.лв/

фото: ФЛУ Скопје 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан