• понеделник, 23 декември 2024

Студенти на Медицински факултет ќе доделат оксиметри и аспиратори за Детската клиника

Студенти на Медицински факултет ќе доделат оксиметри и аспиратори за Детската клиника

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Студенти на Медицинскиот факултет денеска ќе доделат оксиметри и аспиратори за Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

- Изминатиот период, студентите од Медицинскиот факултет при Македонската медицинска студентска асоцијација, по четиринаесетти пат го организираа хуманитарниот проектот „СОС - Дедо Мраз“ во Скопје. Благодарение на хуманоста на граѓаните, собрани беа артикли од маркетите „Веро“, се направија новогодишни пакетчиња и се подарија на децата на коишто им беа најпотребни, домовите без родители во Скопје, болните дечиња и едукативните центри со деца од ранлива категорија. Дел од средствата што ни останаа, ги пренаменивме за пулс оксиметри и аспиратори за Детската клиника, се појаснува во нивното соопштение.

Пулс оксиметри и аспиратори, како што е најавено, ќе се доделуваат во присуство на директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска - Чолаковска, професор доктор Соња Бојаџиева, професор доктор Констандина Кузевска - Манева и друг персонал од клиниката.

Во соопштението се изразува надеж оти овој настан, уште долги години ќе функционира како и досега. бд/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан