Струмица домаќин на младинските поединечни првенства во шах
- Струмица од понеделникот е домаќин на младинските поединечни првенства во стандарден шах, соопшти денеска Шаховската федерација на Македонија (ШФМ)
Струмица, 17 јуни 2025 (МИА) – Струмица од понеделникот е домаќин на младинските поединечни првенства во стандарден шах, соопшти денеска Шаховската федерација на Македонија (ШФМ)
Во конкуренција за титулите се шахисти во возрасните категории до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години во машка и женска конкуренција.
На првенствата се пријавени 123 учесници, а победниците по категории ќе бидат познати по завршното коло на 21 јуни.
Првенствата се организирани од ШФМ со техничка поддршка на Шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица кој втора година по ред е домаќин на државните младински шаховски првенства. ег
ФОТО: ШФМ