• сабота, 04 мај 2024

Македонија ЃП го одбрани трофејот во купот

Македонија ЃП го одбрани трофејот во купот

Скопје, 20 мај 2023 (МИА) – Екипата на Македонија Ѓорче Петров е победник на јубилејното 30-то издание од фудбалскиот Куп на Македонија.

Ѓорчепетровци попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, славеа победа со 2:0 на пенали. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. 

 

Македонија ЃП успеа да го одбрани трофејот освоен минатата година.

 

Новиот шампион во Првата македонска фудбалска лига Струга, на историскиот трофеј од домашниот шампионат не го додаде и првиот куп-трофеј и пропушти шанса за „двојна круна“.

 

„Лавовите“ од Ѓорче го играа своето петто финале и стигнаа до третиот трофеј. зс/

 

Фото: ФФМ

Остани поврзан