• петок, 05 декември 2025

Струга домаќин на шестиот младински шаховски турнир „Езерска кралица 2025“

Струга домаќин на шестиот младински шаховски турнир „Езерска кралица 2025“

Струга, 5 септември 2025 (МИА) - Во организација на Младинската шаховска школа Струга од денеска до понеделник во Струга ќе се одржи 6. издание на младинскиот шаховски фестивал „Езерска кралица 2025“.

На настанот, како што информира Ѓоко Котески, дел од организацискиот тим, ќе учествуваат над 90 шахисти од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора.

- Ова ќе биде еден од најмасовните шаховски настани од постоењето на турнирите на „Езерска кралица“. Ако во минатото оваа бројка се движеше меѓу 60 до 70, сега со гордост можам да кажам дека оваа година го соборивме рекордот на учесници. Задоволство ми е што турнирот веќе е Меѓународно етаблиран и што секоја година го посетуваат странски играчи, а со тоа го промовираме градот и државата, истаккна Котески.

Младинската шаховска школа Струга, најави дека ќе има свои претставници во сите категори. сс/са/

Остани поврзан