Строл ќе загуби една стартна позиција на ГН Монако
- Пилотот на Астон Мартин, Ленс Строл со Шарл Леклер од Ферари за време на првата тренинг сесија на Големата награда на Монако, при што возачот од Монако го оштети предното крило.
Монте Карло, 23 мај 2025 (МИА) – Пилотот на Астон Мартин, Ленс Строл со Шарл Леклер од Ферари за време на првата тренинг сесија на Големата награда на Монако, при што возачот од Монако го оштети предното крило.
Стјуардите го прогласија Строл за виновен за инцидентот и го казнија со казнен поен на неговата супер лиценца и губење на една позиција на стартната линија на Големата награда на Монако.
Оскар Пјастри од Мекларен моментално води во генералниот пласман на возачи со 146 поени. На второто место е неговиот соиграч Ландо Норис со 133 поени. Третото место му припаѓа на актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул со 124 поени. зс/
Фото: ЕПА