• сабота, 16 ноември 2024

Стратегија за унапредување на транспарентноста на Владата со Акциски план 2023-2026

Стратегија за унапредување на транспарентноста на Владата со Акциски план 2023-2026

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за транспарентност со Акциски план 2023-2026 година, предложена од Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење.
 
-Приоритетни области, според предлагачот, се: унапредување на активната транспарентност; унапредување на пристапот до информации од јавен карактер; на фискалната транспарентност на Владата и другите органи на извршната власт; унапредување на дигиталните можности на институциите за олеснување и автоматизирање на процесот на отворање на податоците; зајакнување на механизмите за отчетност за креирањето на политиките, соопшти вечерва владината прес-служба.

Во Акциониот план за 2023-2026 година подетално се разработени мерки, конкретизирани со активности, временската рамка за имплементирање, проценката на потребните финансиски средства за имплементирање на активностите, носител на активноста, како и вклучени институции за спроведување на активноста. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан