• понеделник, 23 декември 2024

Сто и пет санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Сто и пет санкции за брзо возење на територија на СВР Штип
Скопје, 25 април 2021 (МИА) - СВР-  Штип денеска од 13.00 до 19.00 часот спроведе засилена сообраќајна контрола при што изрече 105 санкции, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Денеска ( 25.04.2021) во времето од 13,00 до 19,00 часот на подрачјето на СВР-Штип е спроведена засилена сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои  управуваат  возило со брзина поголема од пропишаната. Санкционирани се вкупно  105 прекршоци, од кои 53 прекршоци од  возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 52 во населено место.Откриени и санкционирани се и 32 останати прекршоци, информираат од МВР.скс/

Остани поврзан