• петок, 22 ноември 2024

Стојчев и Стојановска државни прваци во пинг-понг во категоријата У 21

Стојчев и Стојановска државни прваци во пинг-понг во категоријата У 21
Струмица, 13 јуни 2021 (МИА) - Во Струмица во организација на ППК Астраион Мега Спин викендов се одржа последното државно првенство за оваа сезона. Државни прваци во категоријата Сениори до 21 година станаа Дамјан Стојчев од ППК Шампион ФА од Штип, и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка. За Стојановски ова е втора титула државен првак, откако само пред осум дена ја освои титулата и во јуниорска конкуренција. Стојчев во финалето славеше победа со убедливи 4:0 против Нико Доага од ППК Крушево. Со идентичен резултат Ана Стојановска во финалето во женска конкуренција беше подобра од Ива Димитриевса од ППК Рисови. зс/

Остани поврзан