• петок, 22 ноември 2024

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Марибор, 6 мај 2024 (МИА) - Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. 

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди. 

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година. зс/

Фото: Фејсбук Стојоски

Остани поврзан