• понеделник, 23 декември 2024

Стојанчо Рамов избран за претседател на Совет на општина Кавадарци

Стојанчо Рамов избран за претседател на Совет на општина Кавадарци
Кавадарци, 2 ноември 2021 (МИА) - Советникот Стојанчо Рамов е избран за претседател на Совет на општина Кавадарци на денешната конститутивна седница, која ја водеше Весна Ѓорѓиева, како највозрасен советник.Во своето обраќање, тој рече дека оваа функција ја разбира како можност да придонесе за развој, посветла иднина и просперитет на општината, за подобар живот на сите, без разлика на политичката, верската, националната и било каква друга определба.- Ви ветувам, интересот на кавадарчани ќе биде на прво место, а не интересот на моќниците, порача Рамов. Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев посака успешна и плодна работа, во интерес на сите кавадарчани.На локалните избори, десет советнички места добија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а пет СДСМ и коалиционите партнери. Тројца советници добија мандат како претставници на две независни советнички листи. Левица исто така има свој претставник во Совет на општина Кавадарци. свд/фф/

Остани поврзан