• петок, 05 декември 2025

Стојаноски: Изгласан Законот за привремено и сезонско ангажирање лица, задава силен удар во коренот на сивата економија и ги унапредува работничките права

Стојаноски: Изгласан Законот за привремено и сезонско ангажирање лица, задава силен удар во коренот на сивата економија и ги унапредува работничките права

Скопје, 21 мај 2025

Со гордост сакам ви соопштам дека е изгласан Законот за привремено и сезонско ангажирање лица. 

За прв пат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој е на барање на работниците и работодавачите.

Предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од повеќе парламентарни партии, законот задава силен удар во коренот на сивата економија, а истовремено ги унапредува и работничките права. 

Создаваме нови можности и олеснителни околности за работодавачите да можат да ги пријават своите сезонски - или работници ангажирани на одреден период, а со тоа, создаваме и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, а државата да ги наплати давачките кои што сега се во сивата економија. 

Она што особено радува, е што лицата ангажирани согласно овој закон, нема да изгубат веќе стекнати права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија или правото на редовни студии. 

Во оваа законска категорија на граѓани, спаѓаат:

-       Пензионерите;

-       Студентите;

-       Сезонските работници, а особено оние ангажирани во земјоделието, овоштарството угостителството и сервисните дејности.

-       Невработените, но и вработените; 

-      Лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за работа;

- Како и странците со регулиран престој;

Ова иновативно законско решение предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кои ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот.

Оваа платформа ќе биде финансирана со грант од наши меѓународни партнери, од Сојузна Република Германија.

Почитувани, 

Продолжуваме да работиме и на други вакви, современи законски решенија, се со цел, Македонија да биде пристојно место за живот, за секој еден.

Ви благодарам.

Интегрален текст од изјава за медиуми –   Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ 

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан