• четврток, 21 ноември 2024

Стојаноски: Владините мерки за ограничување на маржата ќе дадат резултати, ќе има засилени контроли на ДПИ како и проширување на надлежностите на КЗК

Стојаноски: Владините мерки за ограничување на маржата ќе дадат резултати, ќе има засилени контроли на ДПИ како и проширување на надлежностите на КЗК

Скопје, 24 септември 2024

Јас ги разбирам комплетно граѓаните, особено синдикатите во нивните стравувања дека цените нема да се намалат, бидејќи во претходните периоди тоа беше беше присутно, затоа што немаше систем кој што функционира. Тука не е надлежен само Државниот пазарен инспекторат, туку тука има и една подзаборавена институција која што има пошироки надлежности, а тоа е Комисијата за заштина на конкуренцијата, вели партеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување на Телевизија 24.

Тој посочи дека тоа што клучно се разликува помеѓу оваа мерка и помеѓу мерките од претходната влата, е што тогаш се замрзнуваа цените за да веднаш откако ќе помине мерката цените почнуваа да растат, додека тука се ограничува профитната бруто маржа.

„Заради тоа што кога наметнувате одредено замрзнување, без при тоа да интервенирате во стоковите резерви, вие наметнувате нешто што учесниците на мазарот не го прифаќаат. Ние се одлучивме на ваков еден поинаков пристап каде што ќе седниме и ќе разговараме со сите вклучени на пазарот за да можеме да најдеме едно решение кое што ќе биде компромисно и што ќе даде резултати. Овие производи кои што беа избрани, се избрани по пат на анкета но и во работна група во која беше вклучено министерството за економија, министерството за земјоделие и министерството за финансии“, рече Стојаноски.

Додаде, нашиот план е, покрај тоа што ќе има засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат, веќе во текот на вчерашниот стигна и новото предлог законско решение за рефомрирање на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со што ќе и се прошират надлежностите, а тоатоа и со влегувањето на сила на Законот за нефер трговски практики, едноставно некои практики од минатото да престанат да се случуваат.

„Точно е дека имаше синџири на маркети кои што се штитеа, точно е дека имаше и добавувачи и трговци кои беа заштитувани, сега во овој момент тоа така нем ада биде. Доволно е само да видите во царина и да ги видите фактурите на влез на производите кои што се увозни, не е само 100 проценти и со маржа од 150 и 200 проценти. Тоа е безобразно тоа повеќе нема да биде присутно. Ако ние сме направиле систем кој што функционира и ако ние сакаме да се покачат платите, да се покачат пензиите, паралелно со тоа ние мора да ја зголемиме вредноста на парите. Ако не ја зголемиме, тогаш едносноставно не сметам дека ќе можеме да го зголемиме зивотниот стандард на граѓаните“, истакна Стојаноски.

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан