• понеделник, 23 декември 2024

Стојаноска: Настани како 27 април да не се повторат

Стојаноска: Настани како 27 април да не се повторат
Скопје, 27 април 2021 И по 4 години не е расчистен случајот и неправедно осудени граѓани лежат со големи казни по македонските затвори. Сведоци сме дека веќе постои пракса на повторување на судски постапки врз база на изјави, затоа посакуваме и повикуваме на расчистување и на овој случај, односно да се добие можност за повторно и овој пат се надеваме, правично судење. И еден изминат час или ден поминат во затворска келија на неправедно осудени луѓе им е како година. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш сме осудувале и ќе осудуваме секаков вид на насилство и оттука повикуваме вакви настани никогаш повеќе да не се случат и повторат, но повикуваме и во Македонија конечно да почнат да владеат правото и правдата. Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми април. Изјава на Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан