• петок, 28 јуни 2024

Стојанов: Сите деца од Тремник ќе бидат згрижени во градинка

Стојанов: Сите деца од Тремник ќе бидат згрижени во градинка
Неготино, 1 август 2022 (МИА) - Сите деца од Тремник ќе бидат згрижени во градинка, соопштии денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. - Во тек се активности за реновирање на новиот, просторно далеку поголем од постоечкиот, објект на детската градинка во селото Тремник. Станува збор за реновирање и оспособување за престој на дечиња во простории со поголема површина од досегашната, со што пак ќе се создадат услови за згрижување на сите дечиња од Тремник, без листи за чекање, рече Стојанов. Тој додаде дека дека од денеска, во функција се ставени новите реновирани занимални во клонот „Мајски цвет“. Со тоа, дечињата коишто привремено престојуваа во клонот „Темјанушка“ за време траењето на реновирањето, повторно се згрижени во „Мајски цвет“.свд/фф/

Остани поврзан